Крива Паланка со почит и достоинство им оддаде почит на македонските бранители

Во чест на македонските бранители, денес во Крива Паланка беше оддадена почит на хероите кои ги дадоа своите животи за татковината. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со делегации од локалните институции, претставници на безбедносните сили, семејства на загинатите бранители и граѓани, положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето на нашите бранители, во знак на длабока благодарност и траен спомен за нивната жртва.

Во рамки на одбележувањето беше истакнато дека делото на македонските бранители претставува траен завет за сегашните и идните генерации – завет за љубов кон татковината, достоинство и единство.

Во своето обраќање, градоначалникот Митовски нагласи дека имињата на Јане Јакимовски, Горан Стојановски и Момир Стојановски остануваат трајно врежани во колективната меморија на градот и државата, како симбол на чест, пожртвуваност и храброст.

„Нивните дела не се само спомен, тие се завет. Завет што нè обврзува да паметиме, да почитуваме и да пренесуваме на идните генерации. Хероите физички заминуваат, но никогаш не исчезнуваат од душата на својот народ“, беше истакнато во обраќањето на градоначалникот Митовски.

По оддавањето почит пред спомен обележјето, присутните продолжија во Спортската сала “Бранители“ каде што се одржи меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на македонските бранители и наши херои. Градоначалникот Сашко Митовски го прогласи за отворен Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на бранителите.

Турнирот се одржува во нивна чест, како симбол на сеќавање, единство и спортски дух, со цел да се чува трајниот спомен на македонските бранители и да се пренесува на идните генерации.

Со достоинствено одбележување и со порака за единство, почит и сеќавање, Крива Паланка уште еднаш покажа дека споменот за македонските бранители живее и ќе продолжи да се пренесува низ генерациите.

 

Големина на фонт
Контраст