Соопштение за упис на првачиња за учебната 2026/27 година и доделување на еднократна парична помош од 3 000 денари сите семејства со запишано прваче

Општина Крива Паланка ги известува родителите чиишто дечиња годинава треба за првпат да тргнат во училиште, дека во текот на месец мај започнува уписот на првоодделенчиња во основните училишта „Илинден“ и „Св.Јоаким Крчовски“ на територијата на Општина Крива Паланка.

Општина Крива Паланка доделува и еднократна парична помош од 3 000 денари на сите семејства со запишано прваче во основните училишта во Крива Паланка во учебната 2026/2027 година, врз основа на донесена Одлука на Совет со бр.09-402/5 од 30.01.2026 година.

Потребните документи за аплицирање за овие финасиски средства се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче, за учебната 2026/2027 година, кои треба да се достават до архивата на Општина Крива Паланка.

Линк за Барање за доделување еднократна парична помош на семејства со прваче.

1. Крајниот рок за аплицирање е до 15.09.2026 година.

БАРАЊЕ

Големина на фонт
Контраст