ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026

На ден 8 мај (петок), традиционално по шести пат во Општина Крива Паланка ќе се реализира големата еколошка акција – „Генералка Викенд“.

Оваа масовна еколошка акција, произлезена од организацијата МЕН енд Моунтаин, во изминатите пет години во нашата општина е масовно поддржана од локалната заедница, бизнис секторот, јавните претпријатија, еко-одборите на училиштата и градинките, граѓанските и спортските здруженија, заедниците на станари и многу други организации и групи на граѓани.

Секојдневно се истакнува дека нашиот град е еден од најчистите, дека се селектираат различни видови отпад, што е заслуга на сè поголемиот број одговорни и совесни граѓани, особено млади луѓе кои сакаат да живеат, работат, спортуваат и се рекреираат во чиста, здрава и уредена животна средина.

Затоа, Ве повикуваме и овој пат сите кои сте во можност да се вклучите во оваа благородна и општествено одговорна еколошка акција.

Заедно да придонесеме да ја направиме нашата општина уште почиста и поубава. Да одвоиме барем малку време и да излеземе сите заедно, во ист ден, во исто време и со иста цел. Да покажеме со личен пример и општествена одговорност колку ни е важна природната средина и околината во која живееме, како и работната средина во која работиме. Да покажеме дека отпадот треба да се селектира и да се одлага на соодветни места.

Искрено се надеваме на поддршка од сите Вас, бидејќи ова не се прави за некој друг, туку за самите нас и за нашите идни генерации.
Да покажеме висока граѓанска и еколошка свест и да се вклучиме во што е можно поголем број во оваа голема еколошка акција. Да покажеме општествена одговорност со одвојување на неколку часа за животната средина, за природата, за нас самите и за идните генерации.

Контакт телефон: 075 236 557

Големина на фонт
Контраст