Јавен повик за бесплатно летување

Врз основа на Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година на Општина Крива Паланка,Општина Крива Паланка објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА БЕСПЛАТНО ЛЕТУВАЊЕ
за деца од 7 до 14 години ученици од второ до деветто одделение во ООУ „Св.Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“ според Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2026 година на Општина Крива Паланка

Општина Крива Паланка ги повикува сите деца кои потекнуваат од:
1. Семејства корисници на гарантирана минимална парична помош (социјална помош);
2. Семејства на самохран родители;
3. Деца без родители и родителска грижа;
4. Деца на разведени родители чии месечни примања на родителот не го надминува нето приходот од 35.000 денари;
5. Деца од семејства со лоша финансиска состојба чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари;

кои ги исполнуваат критериумите наведени во овој јавен повик да достават пријава со цел стекнување на правото за користење на бесплатно летување.

I. Опис на јавниот повик

Летниот камп, финансиран од Општина Крива Паланка, кој ќе се реализира во соработка со Сојуз за грижи и воспитување на децата на Македонија, Охрид, а ќе се спроведе во Детското одмаралиште “Радости” во Охрид, во месец Август 2026 година.

-7 (седум) дневен престој, со шест полни пансиони ( доручек, ручек и вечера) за секој корисник;
-Превоз и осигурување за секој корисник;
-Забавни, спортски и едукативни работилници и активности под менторство на стручни лица.

II. Право на учество на јавниот повик

Право на учество на овој јавен повик имаат сите деца кои ги исполнуваат следниве услови:

-Детето да потекнува од една од погоре наведените категории на социјален ризик и
-Детето да е на возраст од 7-14 години;
-Двајцата родители на детето да се жители на Општина Крива Паланка;
-Самохраниот/издржател родител на детето да е жител на Општина Крива Паланка;
-Детето да е редовен ученик со примерно поведение.

III. Начин на пријавување на јавниот повик

1. Потребна документација која треба да се достави доколку детето потекнува од семејство корисник на ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПАРИЧНА ПОМОШ (социјална помош):

-Пријава;
-Копија од извод од матична книга на родени на детето;
-Доказ за жителство на Општина Крива Паланка (копија од лична карта на двата родители, односно, родителот доколку се работи за самохран родител);
-Потврда од училиштето дека детето е редовен ученик, со примерно поведение и успехот на детето за тековната училишна година;
-Фотокопија од Решението за социјална парична помош;
-Согласност од двајцата родители/родителот дека се согласуваат детето да замине на летување во рамки на државата.

2. Потребна документација која треба да се достави доколку детето потекнува од семејствo на САМОХРАН РОДИТЕЛ, ОДНОСНО, КОРИСНИЦИ НА ДЕТСКИ ДОДАТОК И РОДИТЕЛСКИ ДОДАДОК:

-Пријава;
-Копија од извод од матична книга на родени на детето;
-Доказ за жителство во Општина Крива Паланка (копија од лична карта на родителот кој се грижи за детето);
-Потврда дека детето е примател на детски додаток или родителски додаток издадена од Центар за социјална работа;
-Потврда од училиштето дека детето е редовен ученик, со примерно поведение и успехот на детето за тековната училишна година;
-Согласност од старателот дека се согласува детето да замине на летување во рамки на државта.

3. Потребна документација која треба да се достави доколку детето e БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА:

-Пријава;
-Копија од извод од матична книга на родени на детето;
-Потврда дека детето е под старателство и е згрижено на подрачјето на Општина Крива Паланка издадена од Центар за социјална работа;
-Потврда од училиштето дека детето е редовен ученик, со примерно поведение и успехот на детето за тековната училишна година;
-Согласност од старателот дека се согласува детето да замине на летување во рамки на државта.

4. Потребна документација доколку децата потекнуваат од семејство на разведени родители чии месечни примања на родителот не го надминува нето приходот од 35.000 денари:

-Копија од извод од матична книга на родени на детето;
-Доказ за жителство во Општина Крива Паланка (копија од лична карта на родителот/старателот кој се грижи за детето);
-Изјава на родителот/издржател дека не е во брачна или вонбрачна заедница;
-Потврда од училиштето дека детето е редовен ученик, со примерно поведение и успехот на детето за тековната училишна година;
-Согласност од родителот/старателот дека се согласува детето да замине на летување во рамките на државата;
-Годишна даночна пријава издадена од Управа за јавни приходи-Даночно одделение Крива Паланка (прибавена по службена должност).

5. Потребна документација доколку децата потекнуваат од семејства со лоша финансиска состојба чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари:

-Пријава;
-Копија од извод од матична книга на родени на детето;
-Доказ за жителство во Општина Крива Паланка (копија од лична карта на двата родители);
-Потврда од училиштето дека детето е редовен ученик, со примерно поведение и успехот на детето за тековната училишна година;
-Согласност од двајцата родители дека се согласуваат детето да замине на летување во рамки на државата;
-Годишна даночна пријава издадена од Управа за јавни приходи-Даночно одделение Крива Паланка (прибавена по службена должност).

IV. Постапка за оценување и избор

Оценувањето на доставените пријави ќе се врши од страна на Комисија за избор и селекција формирана од страна на Градоначалникот на Општина Крива Паланка.
Комисијата ќе ги разгледа сите доставени пријави и ќе изврши бодување на секој корисник кој доставил пријава за стекнување на право за бесплатно летување.

V. Рок и начин на пријавување

Рокот за доставување на пријавите е заклучно со 29.05.2026 година до 15.30 часот.
Пријавата ќе биде достапна на интернет страната на Општина Крива Палнка во делот новости или може да се подигне лично од Архивата на Општина Крива Паланка.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави во Архивата на Општина Крива Паланка секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот.

Лица за контакт:
1. Елена Христовска 072/269-712 Општина Крива Паланка
2. Маја Митровска 078 374-059 ООУ „Илинден“
3. Викторија Груевска 078/374-202 ООУ „Свети Јоаким Крчовски„

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Сашко Митовски

Пријава за деца без родители
Пријава за деца од семејства со примања до 35000 денари
Пријава за деца од семејства со примања до 50000 денари
Пријава за деца со самохрани родители
Пријава за деца – приматели на социјална помош

Големина на фонт
Контраст