Јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Крива Паланка

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а во врска со член 6 став 1 алинеја 5 од Законот за волонтерството („Службен весник на Република Македонија” бр. 85/07, 161/08, 147/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/19 и 103/21) и Програмата за волонтирање во Општина Крива Паланка бр.08-488/1 од 28.01.2026 година, Општина Крива Паланка објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
За аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Крива Паланка

Општина Крива Паланка со овој јавен повик ја објавува потребата за организирање на волонтерска работа и ангажирање на 2 (два) волонтера, кои ќе извршуваат волонтерска работа во рамките на надлежноста на општината и тоа 1 волонтер во одделението за правни и општи работи при секторот за правни работи, јавни дејности и поддршка на градоначалникот и 1 волонтер во одделение за администрирање на даноци, такси и надоместоци при секторот за локален економски развој и финансиски прашања во Општина Крива Паланка.

Ангажираниот волонтер во одделението за правни и општи работи доброволно ќе ги извршува следните активности:

  • Активности на портирницата и регулација на влез и излез на странки;
  • Активности на прием и упатување на странки кај Градоначалникот, односно соодветните сектори/одделенија во Општината;
  • Учество во други активности во рамки на надлежностите на општината.

Потребен профил на стручен кадар, кој ќе биде ангажиран како волонтер е Средна Стручна Спрема.

Времетраењето за ангажирање на волонтерот ке биде во траење од 5 – пет месеци од денот на склучувањето на договорот.

Ангажираниот волонтер во одделение за администрирање на даноци, такси и надоместоци доброволно ќе ги извршува следните активности:

-Активности претставени како учество и помош на администрацијата во утврдување даночни основици за данок на промет на недвижности, наследство и подарок;
-Активности претставени како учество и помош на администрацијата за пресметка на основица и за наплата на данок на имот и за данок на промет;
-Активности претставени како учество и помош на администрацијата во рамки на надлежностите на општината како првостепен орган по поднесени правни лекови, комплетирање на документација, и за достава до второстепени надлежни органи;
-Активности претставени како учество и помош на администрацијата во подготовка на тези за изработка на прописи, општи акти, информативно аналитички матерјали, предлог одлуки;
-Активности претставени како учество и помош на администрацијата во врска со податоците од регистрите за невижности и подвижен имот
-Активности претставени како учество и помош на администрацијата за процена на пазарната вредност на недвижниот имот;
-Активности претставени како учество и помош на администрацијата во постапките за присилна наплата на данок на промет и данокот на наследство и подарок, и постапките по барања за одлагање и обезбедување на долгот.

Потребен профил на стручен кадар, кој ќе биде ангажиран како волонтер е: Висока Стручна Спрема – Економски науки.

Времетраењето за ангажирање на волонтерот ке биде во траење од 5 – пет месеци од денот на склучувањето на договорот.

Напомена: На ангажираниот волонтер ќе биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно член 10 од Законот за волонтерство најмногу до 15% од просечната месечна плата во Република Северна Македонија исплатена во претходната година.

Кандидатите кои ќе поднесат апликација за волонтерство во Општина Крива Паланка треба да имаат завршено соодветно образование во зависност за која волонтерска работа аплицираат, со или без работно искуство во струката.

Апликацијата за волонтерство во Општина Крива Паланка, заинтересираните кандидати можат да ја поднесат секој работен ден во период 07.30 – 15.30 часот, во архивата на Општина Крива Паланка ул. Св. Јоаким Осоговски бр.175 Крива Паланка, со назнака „За јавен повик за ангажирање волонтери“.

Кон апликацијата за волонтерство во Општина Крива Паланка, заинтересираните кандидати треба да приложат:

– фотокопија од лична карта;
– фотокопија од уверение или диплома за завршено соодветно образование во зависност за која волонтерска работа аплицираат од соодветната област (истите ќе треба да бидат приложени во оригинал на увид пред склучување на договорот за волонтерство);
– кратка биографија;
– мотивационо писмо.

Незадолжително апликантите можат да приложат и сертификати за посетени обуки во области кои соодветствуваат со видот на нивното образование, доказ за работно искуство доколку поседуваат, познавање на работа со компјутери, познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

Рокот за пријавување на кандидати за волонтери во Општина Крива Паланка трае 3 работни дена од денот на објавување на повикот согласно на Програмата за волонтирање на Општина Крива Паланка.

Селекција и избор на волонтерите кои ќе поднесат апликација за волонтирање ќе изврши Комисија составена од 3 (три) члена, формирана врз основа на Решение на Градоначалникот на Општина Крива Паланка.

Изборот на кандидатите за волонтери во Општина Крива Паланка ќе биде направен согласно критериумите и потребите на Општината, по соодветна евалуација на поднесените документи, а по потреба и спроведено интервју со пријавените кандидати.

Кандидатот кој ќе биде избран за волонтер во Општина Крива Паланка ќе потпише Договор за волонтерство во кои поконкретно ќе бидат утврдени условите, начинот, правата и обврските од волонтерството и волонтерскиот ангажман, а во согласност со одредбите од Законот за волонтерството и Програмата за волонтирање во Општина Крива Паланка.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст