Општина Крива Паланка започнува со избор на совети на месни заедници

Општина Крива Паланка ги информира граѓаните дека започнува процесот на избор на совети на месните заедници, како важен сегмент од локалното учество и одлучување.

Процесот ќе започне на 4 април 2026 година (сабота), а изборните собири ќе се одржуваат во просториите на Општина Крива Паланка, според однапред утврден распоред.

Собирите ќе се реализираат во текот на денот, со почеток од 11:00 часот, во повеќе последователни термини. За учество на изборите, граѓаните задолжително треба да понесат документ за лична идентификација.

Општина Крива Паланка упатуваа повик за активно учество, затоа што изборот на претставници во месните заедници има значајна улога во унапредувањето на локалниот развој и решавањето на потребите на жителите.

Распоред за избор на совети на месни заедници (04.04.2026):

  • 11:00 часот – МЗ Тлминци
  • 12:00 часот – МЗ Длабочица и Баштево
  • 13:00 часот – МЗ Мождивњак
  • 14:00 часот – МЗ Борово
  • 15:00 часот – МЗ Градец
  • 16:00 часот – МЗ Мартиница
  • 17:00 часот – МЗ Лозаново

Сите изборни активности ќе се одржат во салата на Советот на Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст