СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Се одложува „Првоаприлска шега“ во Крива Паланка

Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека манифестацијата „Првоаприлска шега“, најавена за 1 април 2026 година, се одложува поради најавените неповолни временски услови и во интерес на здравјето и безбедноста на најмладите учесници.

Настанот „Првоаприлска шега“ ќе се одржи на 7 април 2026 година (вторник), со истата програма и предвидени активности.

Детското дефиле ќе започне во 11:00 часот од Автобуската станица, ќе се движи по главната улица „Св. Јоаким Осоговски“ до Градскиот плоштад, каде од 12:00 часот ќе продолжи главната програма, во која е предвидено  ревијално претставување на маските, избор на најуспешни групни маски и креации, како и културно-забавна содржина. Присутните ќе имаат можност да уживаат во музички настап и забава со DJ Боно.

Во рамки на настанот ќе учествуваат ученици од ООУ „Св.Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“ со подрачните училишта, како и дечињата од детската градинка „Детелинка“, кои ќе се претстават со своите креативни маски.

Општина Крива Паланка им се заблагодарува на граѓаните за разбирањето и ги поканува да бидат дел од настанот во новиот термин на 7 април 2026 година.

 

Големина на фонт
Контраст