Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), а во врска со член 6 став 1 алинеја 5 од Законот за волонтерството („Службен весник на Република Македонија” бр. 85/07, 161/08, 147/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/19 и 103/21) и Програмата за волонтирање во Општина Крива Паланка бр.08-488/1 од 28.01.2026 година, Општина Крива Паланка објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
За аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Крива Паланка
Општина Крива Паланка со овој јавен повик ја објавува потребата за организирање на волонтерска работа и ангажирање на 1 (еден) волонтер, кој ќе извршува волонтерска работа во рамките на надлежноста на општината во одделение за комунална инфраструктура и сообраќај при сектор за урбанизам, сообраќај, заштита на животна средина и комунална инфраструктура – Општина Крива Паланка.
Ангажираниот волонтер доброволно ќе ги извршува следните активности:
- учество во вршење на контрола на состојбата на локалните патишта и улици за сообраќајната сигнализација во општината од локално значење,
- учество во постапките и давање на предлози за сообраќајни решенија;
- учество во хоризонтално и вертикално обележување и сигнализација на улици и патишта на територијата на Општина Крива Паланка;
- учество во други активности од областа на сообраќајот во рамки на надлежностите на општината.
Потребен профил на стручен кадар, кој ќе биде ангажиран како волонтер е: Висока Стручна Спрема – Собраќајно транспортно инженерство
Времетраењето за ангажирање на волонтерот ке биде во траење од 2 – два месеци од денот на склучувањето на договорот.
Напомена: На ангажираниот волонтер ќе биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно член 10 од Законот за волонтерство најмногу до 15% од просечната месечна плата во Република Северна Македонија исплатена во претходната година.
Кандидатите кои ќе поднесат апликација за волонтерство во Општина Крива Паланка треба да имаат завршено високо образование од соодветната област, со или без работно искуство во струката.
Апликацијата за волонтерство во Општина Крива Паланка, заинтересираните кандидати можат да ја поднесат секој работен ден во период 07.30 – 15.30 часот, во архивата на Општина Крива Паланка ул. Св. Јоаким Осоговски бр.175 Крива Паланка, со назнака „За јавен повик за ангажирање волонтери“.
Кон апликацијата за волонтерство во Општина Крива Паланка, заинтересираните кандидати треба да приложат:
– фотокопија од лична карта,
– фотокопија од уверение или диплома за завршено високо образование од соодветната област (истите ќе треба да бидат приложени во оригинал на увид пред склучување на договорот за волонтерство)
– кратка биографија
– мотивационо писмо.
Незадолжително апликантите можат да приложат и сертификати за посетени обуки во области кои соодветствуваат со видот на нивното образование, доказ за работно искуство доколку поседуваат, познавање на работа со компјутери, познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).
Рокот за пријавување на кандидати за волонтери во Општина Крива Паланка трае 3 дена од денот на објавување на повикот согласно на Програмата за волонтирање на Општина Крива Паланка.
Селекција и избор на волонтерите кои ќе поднесат апликација за волонтирање ќе изврши Комисија составена од 3 (три) члена, формирана врз основа на Решение на Градоначалникот на Општина Крива Паланка.
Изборот на кандидатите за волонтери во Општина Крива Паланка ќе биде направен согласно критериумите и потребите на Општината, по соодветна евалуација на поднесените документи, а по потреба и спроведено интервју со пријавените кандидати.
Кандидатот кој ќе биде избран за волонтер во Општина Крива Паланка ќе потпише Договор за волонтерство во кои поконкретно ќе бидат утврдени условите, начинот, правата и обврските од волонтерството и волонтерскиот ангажман, а во согласност со одредбите од Законот за волонтерството и Програмата за волонтирање во Општина Крива Паланка.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Сашко Митовски




