Денес во Општина Крива Паланка е реализираше забавно едукативен настан во рамки на активноста „Зелени денови“ кој е дел од проектот „ПАРКС“, кој Општина Крива Паланка го имплементира заедно со партнер-општината Дупница од Р.Бугарија, а кој е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија на Европската унија.
На настанот, кој се одвиваше во новоизградениот зелен парк на просторот кај комплексот згради во населба „Единство“ се собраа учесници од сите генерации, создавајќи една пријатна и креативна заедничка атмосфера на игра, смеа и радост.
Ученици од 5-то одделение учествуваа во забаво-едукативни игри на 6 станици, додека повозрасните уживаа во шаховски натпревар со локални шахисти.
Новиот зелен парк, кој се простира на близу 2000 м2 е вистинско место за рекреација, одмор, дружење и уживање на сите генерации – ново катче на живот и свежина во срцето на градот и преставува симбол на заедништво, грижа за животната средина и европски вредности.
Во рамки на активноста „ Зелени денови“ исто така беше реализирана и теренска акција за засадување на нови садници на неодамна опожарените површини, каде активно се вклучија членови на локалните здруженија на граѓани од „Наум Наумовски Борче“, и „Спасител“ како и ученици од училиштната заедница на СОУ „Ѓорче Петров“ и членови на Локалниот младински совет – Крива Паланка.
Целта на проектот „ПАРКС“ е зголемување на зелената инфраструктура во пограничниот регион, во Крива Паланка и Дупница, преку ревитализација на урбаните зони со зелени паркови, живописни зелени простори и користење најсовремена технологија за постојано следење на животната средина.




