Општина Крива Паланка објави Јавен повик за поднесување на пријави за финансиска поддршка за користење на средства од буџетот на Општина Крива Паланка за 2026 година наменети за проектни активности на здруженија и фондации со седиште во Општина Крива Паланка. Повикот беше објавен на 23.02.2026, со времетраење до 23.03.2026, а евалуацијата на пристигнатите предлог проекти се планира да се одржи после во рок од 4-5 дена по завршување на повикот за достава на предлог-проекти во зависност од бројот на добиени предлог проекти. За да се обезбеди транспарентен и отворен процес на селекција на предлог проектите од граѓанските организации за доделување на грант во Јавен повик за поднесување на пријави за финансиска поддршка за користење на средства од буџетот на Општина Крива Паланка за 2026 година, општина Крива Паланка објавува Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проектите поднесени од граѓанските организации во рамките јавниот повик кој е објавен во општина Крива Паланка.




