Цвеќиња за оние кои ја движат заедницата – градоначалникот Сашко Митовски им го честиташе 8 Март на жените вработени во локалните претпријатија

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, градоначалникот Сашко Митовски ги посети жените вработени во  производствените претпријатија во Крива Паланка и им го честиташе празникот, изразувајќи благодарност за нивниот труд, посветеност и професионалност.

За време на посетата, на вработените жени им беа подарени цвеќиња, како знак на внимание и почит за нивниот придонес во секојдневното функционирање на институциите и развојот на локалната заедница.

Средбите се одвиваа во пријатна атмосфера, исполнета со насмевки и искрени разговори, при што беше упатена порака дека трудот и улогата на жените во општеството заслужуваат почит и признание секој ден.

Со искрени желби за здравје, радост и успех, градоначалникот им го честиташе празникот на сите жени.

Големина на фонт
Контраст