Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, Рурална коалиција и Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 успешно реализираа обука за зајакнување на капацитетите на општините за зголемена транспарентност и отчетност, во рамки на проектот „Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.
Обуката имаше за цел унапредување на транспарентноста на општините и поттикнување поголемо учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки на локално ниво. На обуката учествуваа претставници од стручните служби на Општина Крива Паланка, во рамки на менторската поддршка што се спроведува во проектот, кој опфаќа осум општини од различни плански региони, во кои се имплементира или ќе се имплементира дигиталната алатка мЗаедница.
На обуката беа обработени теми поврзани со пристап до информации од јавен карактер, како и концептот на отворени податоци наменет за административните службеници. Во рамки на менторската поддршка е развиена „Методологија за менторска поддршка за зајакнување на капацитетите на општините“, базирана на резултатите од Индексот на отвореност, со фокус на систематизација и приоретизација на информациите.
Проектот има за цел да ја унапреди транспарентноста и отчетноста на општините, со што се овозможува поголема отвореност и информираност на граѓаните, како и поактивно учество во локалните процеси на донесување одлуки.





