Општинска делегација од Крива Паланка во официјална посета на град Врање

Делегација на Советот на Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Сашко Митовски, оствари официјална еднодневна посета на град Врање, Република Србија, по повод одбележувањето на Денот на градот – 31 јануари.

На покана на градоначалникот на Врање, Слободан Миленковиќ, делегацијата од Крива Паланка присуствуваше на централната свеченост и свечената академија, како и на повеќе настани организирани во рамки на празнувањето на  празникот на градот.

Крива Паланка и Врање негуваат пријателски односи и воспоставена меѓуопштинска соработка, а оваа официјална посета претставува уште една потврда за заемната подготвеност за нејзино натамошно унапредување, преку размена на искуства и продлабочување на соработката во области од заеднички интерес.

Големина на фонт
Контраст