Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ со задоволство го најавуваат одржувањето на третата по ред манифестација „СУСУРИГА 2026“, која ќе се одржи на 21 февруари (сабота), на Градскиот плоштад, со почеток во 12,00 часот.
Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, маалски друштва и креативни групи да го пријават своето учество со групни маски и да бидат дел од оваа уникатна културна манифестација.
Пријавувањето се врши преку пополнување формулар, достапен на следниот линк: Пријава за учество во Сусурига 2026 година
Рок за пријавување: 16 февруари 2026 година.
Целта на „Сусурига 2026“ е масовно и достоинствено заживување на старата градска традиција на маскирање и палење ритуален оган по повод празникот Прочка.
Програмата ќе опфати дефиле на пријавените маскирани групи од плоштад Карпошово востание низ главната улица до Градскиот плоштад , каде ќе се одржи ревијален настап на сите учесници. Настанот ќе биде збогатен со гостувања на специјални групи од нашата држава и од соседството, препознатливи по своите традиционални ритуали, уникатна кореографија и атрактивни маски.
Ве покануваме активно да се вклучите, да ја покажете вашата креативност и заедно да придонесеме кон зачувување и негување на традицијата и културниот идентитет што ја обединува Крива Паланка.




