Во Општина Крива Паланка, во текот на последните две работни недели, континуирано и ефикасно се реализираа бројни активности од јавен интерес, преку ангажирање на невработени лица вклучени во Програмата на АВРСМ за јавни работи, со поддршка од локалната самоуправа.
Во овој период беа извршени активности за чистење на јавни патишта и канали за атмосферска вода од одрони и свлечишта, отстранување на мини-депонии од уредени и неуредени површини, како и чистење на снег и мраз од тротоари, мостови, пешачки патеки и скалила.
Активностите во рамки на програмата за јавни работи продолжуваат и во наредната недела, односно до крајот на месец јануари, со цел подобрување на безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните.








