Продолжуваат активностите на ангажираните лица преку Програмата за јавни работи на АВРСМ во Општина Крива Паланка

Во изминатите две недели, во Општина Крива Паланка интензивно се реализираа голем дел од предвидените активности во рамки на Програмата за јавни работи во интерес на граѓаните, со ангажман на 12 лица со ниски квалификации преку мерката 6.2 на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Во наведениот период беа спроведени следните активности: чистење на дел од регулацијата на Дол Единство, уредување на зелени површини и речни корита од опаднати лисја, како и континуирано чистење на двата локални патишта кон манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ од одрони, наноси и лисја. Дополнително, беа метени и чистени голем број јавни површини од отпад, како и централното градско подрачје, особено во пресрет и за време на дневните и ноќните новогодишни и бадникови прослави.

Исто така, се вршеше чистење на еколошките острови и еко-магацините за селекција на отпад, собирање отпад покрај локалниот пат во село Конопница, како и извршување на други слични комунални активности.

Активностите ќе продолжат да се реализираат и во наредниот период, во зависност од временските услови.

Големина на фонт
Контраст