Вечер исполнета со музика и празнична атмосфера на Новогодишниот базар во Крива Паланка

Под светлината на илјадници празнични светилки, четвртиот ден од Новогодишниот базар во Крива Паланка беше одбележан со вечерен концерт на Сара Мејс и The Girls, кои со својот прекрасен настап создадоа пријатна и динамична атмосфера за сите генерации.

Се слушаше одлична музика со добар ритам и неповторлив сценски перформанс на Сара Мејс и The Girls на градскиот плоштад на последниот вечерен концерт пред Новата година, со што уште еднаш беше потврден празничниот дух што деновиве ја обвива Крива Паланка.

Со вакви настани, градот живее во ритамот на празниците, нудејќи квалитетна програма и заеднички моменти за граѓаните и посетителите.

Големина на фонт
Контраст