Крива Паланка избрана за најдобро украсен град во Македонија

Денес, во кабинетот на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, беа примени претставници на Радио Канал 77, кои ја доделија плакетата за најдобро украсен град во Македонија, по избор на граѓаните и слушателите на радиото.

Ова признание претставува голема чест и потврда за заедничките напори вложени во создавање пријатна, уредена и визуелно препознатлива празнична атмосфера во градот. Крива Паланка уште еднаш ја доби поддршката и довербата од јавноста, што претставува особено значајно признание.

Градоначалникот Митовски упати искрена благодарност до сите, кои учествуваа во гласањето и ги препознаа и поддржаа активностите на општината, нагласувајќи дека токму нивната доверба и подршка е најсилниот мотив за континуирано унапредување и разубавување на градот.

Општина Крива Паланка ќе продолжи посветено да работи на создавање уште поубава, поуредена и попријатна средина за сите граѓани и сите добронамерници, со јасна визија за развој и квалитетени проекти во интерес на локалната заедница.

Големина на фонт
Контраст