Општина Крива Паланка со празнична грижа и радост за секое дете

Во духот на новогодишните празници и со искрена желба секое дете да ја почувствува топлината на празничната атмосфера, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и оваа година реализираше традиционална хуманa активност – доделување новогодишни подароци на најмладите и најранливите категории во заедницата.

Претставници на Општината денес ги посетија учениците од интернатот „Боро Менков“, како и корисниците на Дневниот центар за лица со попреченост, каде што беа поделени новогодишни подароци и испратени искрени желби за здравје, радост и среќни празници. Насмевките и радоста на присутните уште еднаш потврдија дека вниманието и грижата значат многу, особено во празничните денови.

Празничните посети беа заокружени со топла и емотивна средба кај семејството Ангеловски, каде што малиот Атанас и неговата сестричка со своите искрени детски насмевки, подарија незаборавни моменти и не потсетија на вистинската смисла на дарувањето.

Дарувањето подароци, внимание и грижата за сите дечиња од нашиот град претставува искрено задоволство и обврска која ја исполнува секоја празнична активност со човечност и љубов. Општина Крива Паланка и градоначалникот Сашко Митовски континуирано ја потврдуваат својата посветеност во грижата за секое дете, со јасна порака дека секоја детска насмевка многу вреди и празниците треба да бидат радосни и исполнети со љубов, без исклучок.

Нека новогодишните празници донесат здравје, радост, топлина и безгрижно детство за сите деца.

Големина на фонт
Контраст