Успешен продолжеток на втората вечер од Новогодишниот базар во Крива Паланка

Втората вечер од Новогодишниот базар на Градскиот плоштад во Крива Паланка помина во знакот на голема посетеност, одлична атмосфера и вистинска празнична енергија.

И покрај ниските температури, плоштадот беше исполнет со топлина, насмевки и позитивна енергија, благодарение на богатата музичка програма која ги обедини сите генерации. Спојот на традиционалниот звук на групата „Љубојна“ со современите и популарни хитови на Тајзи, надополнети со настапот на Duo Brothers, создадоа незаборавна музичка вечер и вистинско празнично доживување за присутните.

Новогодишниот базар и понатаму останува место на заедништво, радост и културна размена, каде што празничниот дух се чувствува на секој чекор.

Празничната програма продолжува и во наредните денови, носејќи уште многу причини за радост, дружење и убави спомени.

Големина на фонт
Контраст