Новогодишна радост во Ромското маало – пакетчиња и насмевки за најмладите

Во духот на новогодишните празници и традицијата на дарување, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, неделното утро го помина со најмладите од  Ромското маало и им донесе голема  радост и многу искрени насмевки.

Заедно со Дедо Мраз, беа поделени новогодишни пакетчиња на најмладите, кои со искрена детска возбуда ја пречекаа празничната посета. Насмевките на дечињата, веселата атмосфера и празничниот дух беа најубавата потврда за значењето на ваквите хумани и топли гестови.

Општина Крива Паланка и оваа година ја негува традицијата на внимание и грижа за најмладите, со желба празничните денови да донесат радост, топлина и убави моменти во секој дом.

Нека сечиј дом за време на новогодишните празници биде исполнет со среќа, здравје и детски насмевки.

Големина на фонт
Контраст