КРИВА ПАЛАНКА НА НОЗЕ СО НЕПОВТОРЛИВИОТ МИРЗА СЕЛИМОВИЌ ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НОВОГОДИШНИОТ БАЗАР 2025 ВО КРИВА ПАЛАНКА

Вчеравечер, во студената декемвриска вечер, градскиот плоштад на Крива Паланка се претвори во сцена на незаборавна забава, радост и празнично расположение.

Светлата на стотиците светилки ја осветлија магијата на моментот, додека илјадници сограѓани уживаа во музиката и веселбата.
Незаборавните хитови и неповторливиот глас на Мирза Селимовиќ ги обединија сите присутни, носејќи емоции и празнична енергија.

Илјадници грла пееја во еден глас, создавајќи магична атмосфера која го означи почетокот на Новогодишниот базар 2025.

Оваа година започнавме со Мирза Селимовиќ, симбол на нашето пријателство со Сребреник и на музиката која нè спојува.
Уште еднаш потврдивме дека музиката и културата градат мостови и ги обединуваат луѓето.

Продолжуваме со Новогодишниот базар во полн сјај, со богата и разноврсна програма за сите генерации:
Концерти и музика ;
Игри и активности за децата ;
Празнична атмосфера под илјадници светилки.

Ви благодариме на сите кои ја направија оваа вечер навистина посебна и ја споделија радоста со нас!

Големина на фонт
Контраст