Предновогодишно дружење со корисниците на  Центарот за дневен престој на  лица со активно стареење

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, оствари предпразнична посета на корисниците на Центарот за дневен престој на лица со активно стареење при ОО на Црвен крст. Посетата помина во топла и празнична атмосфера, исполнета со дружење и пријатни разговори.

Градоначалникот оствари непосредна средба со сите присутни корисници на центарот, при што ја истакна грижата на локалната самоуправа за повозрасните граѓани и значењето на ваквите центри, кои придонесуваат кон активно, достоинствено и квалитетно стареење. Во знак на внимание и почит, на корисниците им беа врачени пригодни новогодишни подароци.

Митовски упати искрени желби за добро здравје, радост и мирни пензионерски денови во новата година, нагласувајќи дека Општина Крива Паланка и понатаму ќе продолжи со поддршка на активностите и програмите насочени кон унапредување на квалитетот на животот на лицата од трето доба.

Општината останува посветена на создавање инклузивна заедница, во која грижата за повозрасните граѓани е важен сегмент од локалните политики и социјалната одговорност.

Големина на фонт
Контраст