Во Крива Паланка започна реализацијата на Програмата за јавни работи

Во Општина Крива Паланка започна реализацијата на програмската мерка 6.2 на Владата на РСМ и Агенцијата за вработување (АВРСМ), која се однесува на ангажирање евидентирани невработени лица со ниски квалификации за извршување јавни работи од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво.

Во рамки на оваа мерка ангажирани се вкупно 12 лица од целната група, од кои шест мажи и шест жени.

Општина Крива Паланка во реализацијата на програмата учествува со 20 проценти од дневниот надоместок за ангажираните лица, додека останатите средства се обезбедени од страна на АВРСМ.

Поради зимскиот период, работното ангажирање ќе трае 30 дена, со по четири ефективни работни часа дневно.

Ангажираните невработени лица ќе извршуваат јавни работи од општ интерес, меѓу кои: собирање отпад од уредени и неуредени површини, собирање паднати лисја, чистење улици, пропусти, отворени канали и сливници, кастрење гранки и други слични активности.

Големина на фонт
Контраст