Делегација од Општина Крива Паланка присуствуваше на Founders Day во збратимениот град Лугож, Романија.

На 20 декември, делегација од Општина Крива Паланка присуствуваше како гости на церемонијалните настани по повод Founders Day во збратимениот град Лугож. Во рамките на прославата, делегацијата положи цвеќе и изрази почит кон значајниот ден на градот, потврдувајќи ја традицијата на меѓусебна почит и пријателство меѓу двата града.

Градоначалникот на Лугож, Калин Добра, ги прими претставниците на делегацијата во својот кабинет, каде што се размениле мислења за понатамошни проекти и зајакнување на соработката во различни области. Оваа средба беше уште една потврда на долгогодишната соработка и желбата за продлабочување на пријателските врски меѓу Крива Паланка и Лугож.

Со оваа посета се зацврстија меѓународните врски и се отворија нови можности за идни заеднички активности, културни и образовни иницијативи и соработки меѓу двата града.

Големина на фонт
Контраст