На денешната последна крводарителска акција за 2025 година, која се реализираше во просториите на Општинската организација на Црвен крст и во координација со Институт за трансфузиона медицина, Скопје, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски даруваше крв со цел да се испрати силна порака на хуманост, взаемно помагање, солидарност и одговорност, кои секако се темелни вредности на општеството во кое живееме.
Со овој хуман гест, градоначалникот Митовски се вклучи во редот на редовните крводарители и ја искористи можноста директно да придонесе за обезбедување на неопходните единици крв за лекување на нашите сограѓани, но истовремено и за афирмација на крводарителството, со апел и поттик до граѓаните активно да се приклучат кон оваа солидарна акција, која е наша заедничка мисија за помош и спас за човек кој се бори за својот живот или животот на најблиските.







