Општина Крива Паланка во текот на вчерашниот ден започна со асфалтирање на дел од улицата „Партизанска“. Улицата претходно беше тампионирана и нивелирана за одведување на атмосферските води и беше поставена нова водоводна линија за околните куќи.
[embpicasa id=”6094142627129353329″]
Делот од улицата е со површина од околу 400 м2 и се очекува да биде завршена во текот на денешниот ден.
Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.