Здружението на пензионери и Здружанието на трудови инвалиди од Крива Паланка денес организираа препразнична средба, на која беше поканет и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Настанот се реализираше во свечена празнична атмосфера и беше можност за заедничко дружење и одбележување на новогодишните празници.
На овој свечен настан за пензионерите, градоначалникот Сашко Митовски им се заблагодари за поканата и за континуираната соработка и своето обраќање пред присутните, тој упати искрени честитки и желби за добро здравје, мир и благосостојба, потенцирајќи ја нивната значајната улога во општествениот живот и нивниот придонес во развојот на локалната заедница.
Градоначалникот Миотвски истакна дека Општина Крива Паланка останува посветена на унапредување на квалитетот на животот на повозрасните граѓани со посебен сензибилитет за нивните потреби, преку разновидна поддршка на активностите на пензионерското здружение и спроведување мерки и политики насочени кон социјална сигурност и активното стареење.
Градоначалникот Сашко Митовски на сите пензионери им посака, празничните денови да ги поминат исполнети со убави мигови со најблиските, со многу љубов, радост, достојно внимание и почит. Воедно на сите присутни им посака многу здравје, среќа и успешна 2026 година, во која сите заеднички ќе продолжиме да работиме за поубава и просперитетна Крива Паланка.




