Општина Крива Паланка беше домаќин на учениците од втора година од економската струка – образовните профили Техничар за е-трговија и Дигитален маркетинг, во придружба на професорката Горица Вучевска од СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка.
Во рамките на нивната практична настава, учениците ја проследија презентацијата посветена на функционирањето на односите со јавност (PR) во Општина Крива Паланка. Преку интерактивна средба, тие имаа можност да се запознаат со начинот на кој се планираат, реализираат и комуницираат активностите од страна на општинските служби.
Гостите од училиштето се запознаа од блиску со работата на вработените во општинската администрација, нивните надлежности и секојдневните активности кои овозможуваат навремено, ефикасно и транспарентно функционирање на локалната самоуправа.
Општина Крива Паланка останува посветена на поддршката на младите, на образовниот процес и на сите иницијативи што придонесуваат за развој на нови знаења и практични вештини.
Градоначалникот Сашко Митовски и вработените во општинската администрација секогаш ги отвораат вратите за соработка со сите образовни институции и млади сограѓани кои се стремат кон професионален и личен развој.






