Крива Паланка се подготвува за незаборавен почеток на новогодишните празнични денови

На 8 декември (понеделник) 2025 година, со почеток во 17:00 часот, градскиот плоштад во Крива Паланка ќе стане сцена на спектакл што ветува да ја впише оваа вечер во календарот како една од највпечатливите зимски манифестации во регионот.

Оваа година Општината подготви уште посјајно празнично издание и градот ќе блесне во полн сјај со свеченото осветлување на новогодишната елка. Ќе одброиме заедно… 3, 2, 1… и ќе го осветлиме плоштадот со илјадници светилки што ја најавуваат најубавата сезона од годината. Илјадниците светилки ќе ја претворат Крива Паланка во магична зимска бајка, создавајќи празнична еуфорија и атмосфера што ќе ги воодушеви и најмалите и најголемите.

Дополнителна привлечност на настанот е спектакуларната музичка програма со уникатниот ДЈ Боно, кој подготвува интересно шоу и журка што ќе ја подигне празничната температура уште на самиот старт. Присутните ги очекува празнична атмосфера исполнета со ритам, енергија и забава која ќе трае до доцна во ноќта.

Ова е настан што ќе обедини семејства, пријатели и посетители од целата околина, момент што ќе се памети цела година, момент кој ја буди радоста, топлината и духот на претпразничните денови.

Граѓаните, големи и мали, како и сите добронамерници, се поканети да бидат дел од големото одбројување, да ја споделат магијата и да го означат почетокот на празничната сезона на најсветкав можен начин.

Општина Крива Паланка ги поканува сите сограѓани, повозрасни и најмлади, да бидеме сите заедно дел од свеченото осветлување на новогодишната елка и заеднички да го означиме почетокот на најсветкавото празнично издание во нашиот убав град.

 

Големина на фонт
Контраст