Врз основа на член 36 став (1) точка 15 од Закон за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.05/02) и член 14 , став(1), точка 10 од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка бр.8/10, 12/10, 8/14, 2/18, 3/19, 8/21, 01/23 ,05/23, 14/23 ,05/24 и 09/24), а во врска со Програмата за локален економски развој на Oпштина Крива Паланка за 2025 година бр.09-6043/11 од 06.12.2024 година,согласно Правилникот за уредување на условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Крива Паланка за субвенционирање на трошоците за добиен сертификат за органско производство издаден од страна на овластено акредитирано тело на носители на земјоделски стопанства жители на Општина Крива Паланка запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанства, бр.09-6043/13 од 06.12.2024 година, како и Одлука за давање согласност за субвенционирање на трошоци за добиен сертификат за органско производство издаден од страна на овластено акредитирано тело за 2025 година во Општина Крива Паланка бр.09-6072/17од 14.11.2025 година.
ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОБИЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО ИЗДАДЕН ОД ОВЛАСТЕНО АКРЕДИТИРАНО ТЕЛО
Општина Крива Паланка, на ден 18.11..2025 година објавува Јавен повик за субвенционирање на трошоците за добиен сертификат за органско производство издаден од овластено акредитирано тело.
ПРАВО НА УЧЕСТВО:
На Јавниот повик за субвенционирање на трошоците за добиен сертификат за органско производство издаден од овластено акредитирано тело, можат да се пријават носители на земјоделски стопанства жители на Општина Крива Паланка, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
ПРИЈАВУВАЊЕ:
Заинтересираните носители на земјоделски стопанства жители на Општина Крива Паланка за учество на Јавниот повик за субвенционирање на трошоците за добиен сертификат за органско производство издаден од овластено акредитирано тело, можат да поднесуваат пополнето барање по пошта или со достава во архивата на Општина Kрива Паланка.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
За учество на Јавниот повик за субвенционирање на трошоците за добиен сертификат за органско производство издаден од овластено акредитирано тело, заинтересираните носители на земјоделски стопнанства жители на Општина Крива Паланка потребно е да поднесат:
– Пополнето барање за субвенционирање на трошоци за добиен сертификат за органско производство издаден од страна на овластено акредитирано тело;
– Решение за упис во ЕРЗС издадена од МЗШВ ПЕ Крива Паланка не постаро од 6 месеци – оргинал или фотогопија заверена кај нотар;
– Барање за финансиска поддршка во органското земјоделско производство за тековната година поднесено до АФПЗРР – копија;
– Договор со овластено акредитирано тело за вршење стручна контрола во органското земјоделско производство – копија;
– Фотокопија од Сертификат за извршена стручна контрола од страна на овластено акредитирано тело;
– Фактура и доказ за платена фактура за стручна контрола и сертификација.
Рокот за пријавување е 30 дена од денот на објава на Јавниот повик.
Краен рок за поднесување на пријавите е 18.12.2025 година до 14:00 часот, по пошта или во архива на следната адреса: ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ул.Св.Јоаким Осоговски бр.175, 1330 Крива Паланка.
Пријавите поднесени по крајниот рок за поднесување нема да бидат земени во предвид на разгледување.
Доставените документи да бидат во затворен коверт со назнака за ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОБИЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО ИЗДАДЕН ОД ОВЛАСТЕНО АКРЕДИТИРАНО ТЕЛО.
Лице за контакт:
Валентина Ангеловска,
Советник за ЛЕР, меѓународна и регионална соработкa,
076-337-448
електронска пошта: valentina.angelovska@krivapalanka.gov.mk
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Сашко Митовски




