ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРEДЛОГ – ИДЕИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СПОРТОТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА 2026 ГОДИНА

Врз основа на член 4 од Правилникот за утврдување на постапката за прибирање на предлог-активности во областа на спортот, распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија, како и за поддршка на спортски манифестации, турнири и проекти од интерес за Општина Крива Паланка, донесен од страна на Градоначалникот на Општина Крива Паланка бр.08-6099/1 од 10.11.2025 година, Општина Крива Паланка објавува

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРEДЛОГ – ИДЕИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СПОРТОТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА 2026 ГОДИНА

Цел на Јавниот повик

Општина Крива Паланка, заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, распишува Јавен повик за финансирање на предлог-идеи од јавен интерес во областа на спортот за 2026 година.
Предлог-проектите, активностите и програмите треба да се однесуваат на спортски активности кои ќе придонесат кон унапредување на спортскиот живот во Општина Крива Паланка и реализирање на програмските цели на општината во областа на спортот.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВЕН ПОВИК

Финансиските средства од Буџетот на Општина Крива Паланка можат да бидат доделени на спортски клубови, спортски здруженија (сојузи и асоцијации), спортисти, други правни лица од областа на спортот, училишни спортски клубови и сојузи, спортски школи и граѓански здруженија чие регистрирано седиште се наоѓа на подрачјето на Општина Крива Паланка.
Апликантите треба:
– да придонесуваат во организирање на манифестации, турнири и проекти од областа на спортот;
– да го популаризираат масовниот спорт и опфатот на што повеќе млади во населените места;
– да придонесуваат во создавање на услови за правилно насочување на младите и организирање на нивните слободни активности во областа на спортот;
– да поттикнуваат постигнување на врвни резултати
– да придонесуваат во збогатување на спортско-рекреативниот живот во општината.

Секој апликант може да поднесе само едно барање по јавниот повик, но истото може да опфаќа реализација на повеќе активности, програми или настани поврзани со областа на спортот за која се аплицира.
Апликанти кои имаат финансиски долгови кон Општината, нереализирани активности или недоставени извештаи од претходно одобрени проекти немаат право на учество на Јавниот повик.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се врши со доставување на предлог-идеја (програма, проект или активност од областа на спортот) преку Архивата на Општина Крива Паланка, до Одделението за јавни дејности со назнака:„Јавен повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на спортот во Општина Крива Паланка“..
Апликантите кои учествуваат на Јавниот повик, се должни да ја достават и следнава документација:
1. Пополнета пријава/апликација (образецот ќе биде објавен на веб-страницата на Општина Крива Паланка: www.krivapalanka.gov.mk);
2. Доказ за регистрација за вршење на дејност од областа на спортот со седиште на територија на општина Крива Паланка (Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 (шест) месеци / копија од Решение за вршење дејност спорт, издадено од Агенција за млади и спорт – кои се водат во регистарот на Министерството за спорт и сл) ;
3. Копија од трансакциона сметка;

Во образецот/пријавата, апликантот детално ја образложува предложената активност и доставува финансиски план за реализација.
Со пријавата може да се достават и други документи и материјали кои го поддржуваат проектот, како што се: календар на активности, фотографии, програми на натпревари, препораки, потврди за членство или други релевантни докази кои ќе помогнат во евалуацијата.
Предлог-идеите што ги исполнуваат критериумите ќе станат дел од Програмата за активности на Општина Крива Паланка од областа на спортот и ќе се реализираат во текот на годината, согласно поднесената пријава и одобрените средства.
Комисијата има право да побара дополнување на пријавата, наместо автоматски да ја одбие, доколку се утврдат недоследности или недостасува документација.

Нема да бидат разгледувани пријави кои:
– се доставени по истекот на рокот на Јавниот повик;
– се доставени по електронска пошта;
– се рачно пополнети или нецелосно пополнети;
– немаат приложени задолжителни документи;
-се поднесени од субјекти кои претходната година добиле средства, но не доставиле извештај за реализацијата на проектот.

Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Пријавите со сите потребни документи се доставуваат во затворен плик на следната адреса: Општина Крива Паланка, ул. „Св. Јоаким Осоговски“ бр. 175, 1330 Крива Паланка

Јавниот повик ќе трае 10 дена од денот на објавување, односно од 11.11.2025 до 20.11.2025 година

Општина Крива Паланка може да го поништи јавниот повик доколку:
– не е пристигната ниту една пријава;
– пријавите кои се пристигнати не ги исполнуваат утврдените критериумите

Општина Крива Паланка Градоначалник
Сашко Митовски

ОБРАЗЕЦ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
ПРАВИЛНИК

Големина на фонт
Контраст