Во НУ Центар за Култура се одржа Свечена академија по повод Денот на ослободување на Крива Паланка-8.Октомври на која беа врачени и највисоките општински награди и признанија.
На свечената академија свое обраќање имаше градоначалникот Сашко Митовски, a пред присутните гости и претставници на општествено-политичкиот живот во градот, беше прикажано и видео, низ кое беа презентирани реализираните проекти и активности на Општина Крива Паланка и градоначалникот Сашко Митовски за периодот од 2021 – 2025 година.
На свечената академија беа доделени највисоките општински признанија и наградата „8-ми Октомври“, која годинава му припадна на г-дин Предраг Велиновски – за неговиот професионален труд и ангажман во областа на градежништвото, образованието, културата и зачуваување на верското наследство, кои придонесуват за развојот и афирмацијата на Крива Паланка.
„Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ во чест на празникот на Општината „8-ми Октомври“ беше доделено на ТППЕ Крива Паланка –за нивната исклучителна професионалност , пожртвуваност, храброст, континуирана модернизација, регионална и меѓународна соработка, како и образовна и хуманитарна улога.
„Признанија за промоција и развој на Општина Крива Паланка“ во чест на празникот на Општината „8-ми Октомври“ за 2025 година беа доделени и на:
1. Г-дин Деjвид Зекиров, самостоен уметник–музичар, за неговата посветеност и придонес во збогатување накултурниот живот во Крива Паланка;
2. Г-ѓа Лариса Жулина Митовски ,просветен работник – за значајни постигнувања во музичката педагогија и долгогодишен придонес во музичкото образование;
3. Г-дин Јане Денковски, волонтер во Црвен крст – за исклучителен придонес во хуманитарната работа и социјалната заштита;
4. Г-дин Стојанче Костовски, планинар – за истрајност и изворедни достигнувања во планинарството;
5. Г-дин Стојо Милковски, градежен инжинер – во знак на почит кон неговото животно дело и трајниот придонес во градежништвото и афирмација на градот ;
6. Г-ѓа Наталија Лековска, просветен работниик во Истра Република Хрватска – за промоција на македонската култура и традиција и зачувување на националниот идентитет меѓу младите генерации;
7. Г-ѓа Катица Борисовска, планинар – за истрајност во планинарството и негување на традиционалната храна и култура;
8. Здружение на пензионери на Крива Паланка – за зачувување на фолклорот, традицијата и локалните обичаи.
Осмооктомвриски признанија и благодарници добија и:
1. Друштво за произвотство трговија и услуги: Ливе Баг 2016 ДООЕЛ Крива Паланка, реномирана компанија за ранци – за партнерство и подршка во обаразованието;
2. ДММ Дрекселмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ, фирма за производство на електрична и електронска опрема за моторни возила–за придонес кон економскиот развој и подршка на локалната заедница;
3. Друштво за продукција на медиска содржина: МЕН ЕНД МАУНТЕН ДОО Скопје, иницијатори и организатори на Генералка викенд – за подршка и активен придонес во делот на заштита и зачувување на животната средина;
4. Друштво за произвотство, промет и услуги: Дема-Стил ДОО увоз-извоз Крива Паланка, претпријатие за производство на амбалажа од пластични маси за пакување – за унапредување и вложување во нови технологии и подршка на локалниот економски развој;
5. Г-дин Огнен Атанасов, градоначалник на Општина Ќустендил Р.Бугарија – за помош во справување со пожарите и зајакнување на меѓуопштинската соработка;
6. Г-ца Христина Стојчевска, самостоен уметник – за развојот на сакралната уметнот и афирмација на културното наслетсво.
Признанијата ги врачи градоначалникот на Општина Паланка, Сашко Митовски, кој пред присутните го порача следново: “Наша најголема должност е да го чуваме споменот на оние што ја ослободија мислата, духот и сонот за подобро утре како најскапоцен бисер. Генерациите кои се заветија со саможртва ни оставија аманет: нивната борба да ја преточиме во дела, во развој, во напредок, во создавање град во кој секој наш граѓанин ќе живее достоинствено и среќно.
И не ги изневеривме. Чесноста, трудот и длабоката посветеност на нашиот град ги вградивме во 81-годишниот историски континуитет, во славното наследство и во вечната обврска да ја чуваме и развиваме Крива Паланка што ни ја оставија.
Горди сме што од раните на минатото, од болката и жртвите изникна современ град, кој денес е дом на културата, храм на традицијата, прозорец кон иднината, заедница во која се вградени плејада борци, дејци, визионери и големи општественици.
И овој 8-ми Октомври, со гордост во срцето можеме да потврдиме дека ние сме чувари на тој свет сон, наследници на една визија што живее низ времето. Крива Паланка ја доживеа својата преобразба и од симбол на отпор и истрајност, прерасна во симбол на напредок и надеж.
Денес таа блеска како модерен, зелен и европски ориентиран град, препознатлив по својата уреденост, динамична енергија и длабока човечка и социјална посветеност. Стана пример за одговорен развој, за промислено урбано планирање, за еколошка совест и за културна ренесанса што ја враќа гордоста на градот и душата на неговите луѓе. Стана град што денес живее, созрева, создава“.
Во прилог, обраќањето-говорот на градоначалникот Сашко Митовски: ГОВОР




