Врз основа на член 17 став (2) од Закон за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/2020) и член 38-г од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 08/2010, 12/2010, 08/2014, 02/2018, 03/2019, 08/2021, 01/2023. 05/2023, 14/2023, 05/2024, 09/2024), Иницијативниот одбор во соработка со Општина Крива Паланка распишува
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Иницијативниот одбор при Општина Крива Паланка распишува Јавен повик за членство во Локално собрание на млади на Општина Крива Паланка.
2. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои се активни на територијата на Општина Крива Паланка.
Делегатот/ката и заменик – делегатката кои имаат желба и интерес да се вклучат во Локално собрание на млади потребно е:
• Да се жители на Општина Крива Паланка;
• Да бидат на возраст од 15-29 години;
3. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Аплицирањето по однос на Јавниот повик се врши електронски на следната емаил адреса: [email protected] или во печатена форма во архивата на Општина Крива Паланка (ул.„Св.Јоаким Осоговски“ бр.175) со ознака Апликација за членство во Локалното собрание на млади на Советот на млади на Општина Крива Паланка.
Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:
• Портфолио за работа на организацијата/групата/здружението
• Извештај за работатата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Крива Паланка
• Писмени предлози за номинација на делегат и заменик – делегат поднесени од младинска организација;
Нема да бидат разгледувани пријавите доставени по истекот на рокот на Јавниот повик.
Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.
Јавниот повик трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето, односно од 17.09.2024 до 23.09.2024 година.
Поднесените апликации ќе ги разгледа Иницијативниот одбор и ќе ја утврди валидноста и прифатливоста на поднесената документација.
Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб страната на Општина Крива Паланка (www.krivapalanka.gov.mk).
4. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел.031/375-035
ЧЛЕНОВИ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР,
Ангела Крстевски-ЦМИ Цик – Цак Крива Паланка
Теодора Стојановска – Црвен Крст на Република Северна Македонија , Општинска организација Крива Паланка
Давид Георгиевски – РЦС Спектар – Крива Паланка
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
ПРЕТСЕДАТЕЛ
ИЗАБЕЛА ПАВЛОВСКА