Врз основа на член 7 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на општински признанија и награди, Одборот за доделување награди и признанија на Општината Крива Паланка, одлучи да распише
К О Н К У Р С
за доделување на наградата „8-ми Октомври“ и признанија за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка за 2024 година
1. Наградата „8-ми Октомври“ на Општината Крива Паланка се доделува на физички и правни лица од Општината Крива Паланка и од Република Северна Македонија во знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во Република Северна Македонија и во светот.
Наградата „8-ми Октомври“ покрај на физички и правни лица се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или за континуирани успешни резултати во наставни и воннаставни активности.
Наградата се доделува за остварувања во период од една година до објавување на конкурсот, како и за подолг период на работно и творечко ангажирање.
Наградата се доделува на поединци, група творци, правни лица, ученици и студенти.
2. Општина Крива Паланка доделува и признанија за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“.
Признанијата се доделуват на поединци и правни лица од Општина Крива Паланка, од Републиката и од странство како и на странски и меѓународни организации за значајно осварување и постигнување во вкупниот општествен развој од сите области на животот и трудот за унапредување и афирмација на Општина Крива Паланка .
3. Право да предлагаат кандидати за Награди имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општината Крива Паланка и надвор од неа.
4. Предлогот мора да биде образложен, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи кратка биографија. Предлагачите треба да ги наведат својот полн назив и седиштето, односно името и адресата.
5. Конкурсот трае 8(осум) работни дена од денот на објавувањето, а предлозите за кандидати се доставуваат до Одборот за доделување награди и признанија на Општина Крива Паланка.
6. Предлозите во 3(три) примероци се доставуваат исклучиво до архивата на Општина Крива Паланка, адреса ул. Св.Јоаким Осоговски бр.175 Крива Паланка до 23.09.2024 година до 15 часот.
7. Предлозите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.
Одбор за доделување награди и
признанија на Општината Крива Паланка