Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02) и член 38-г од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 08/10, 12/10, 08/14, 02/18 , 03/19, 08/21, 01/23, 05/23, 14/23, 05/24 09/24), Претседателот на Совет на Општина Крива Паланка објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ЧЛЕНОВИ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И ОДДРЖУВАЊЕ НА ЛОКАЛНО МЛАДИНСКО СОБРАНИЕ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
- ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на Општина Крива Паланка, согласно Законот за младинско учество и младински политики објавен во Служен весник на Република Северна Македонија бр.10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од формирање на локален младински совет и конституирање на локално младинско собрание.
За таа цел Општина Крива Паланка распишува повик за членови на иницијативен одбор, со што ја отпочнува постапката за основање на Локално младинско собрание и избор на нови членови на Советот на млади на Општина Крива Паланка.
Иницијативниот одбор со решение го формира Претседателот на Советот на Општина Крива Паланка. Иницијативниот одбор е составен од три члена. Членови на иницијативниот одбор можат да бидат млади од младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на Oпштина Крива Паланка.
Иницијативниот одбор се формира само за оддржување на конститутивната седница на локалното собрание на млади.
Со конститутивното собрание претседава најстариот член на иницијативниот одбор кој доаѓа од редот на младинските организации. Иницијативниот одбор го распишува повикот за конститутивното локално собрание на млади во кој јасно е наведен датумот, местото и часот на оддржување на првата конститутивна седница на Собранието на млади.
- ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
На Јавниот повик право на учество имаат претставници на: младински организации, организации на млади, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои се активни на територијата на Општина Крива Паланка.
Критериуми кои треба да ги исполнуваат младите лица кои имаат желба и интерес да се вклучат во иницијативниот одбор:
- Да се жители на Општина Крива Паланка;
- Да бидат на возраст од 15-29 години;
- Да се креативни и поседуваат искуство во областа: работа со млади и младински организации.
- НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Аплицирањето по однос на јавниот повик се врши електронски на следната емаил адреса: [email protected].
Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:
- Мотивационо писмо
- Кратка биографија CV (во која задолжително ќе бидат наведени активностите во областа: работа со млади и младински организации);
- Писмени предлози од предлагачите (доколку ги има)
Нема да бидат разгледувани пријавите доставени по истекот на рокот на Јавниот повик. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.
Јавниот повик трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето односно од 02.09.2024 до 06.09.2024 година.
- ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК
Учесниците на Јавниот повик за резултатите ќе бидат известени со Решение донесено од Претседателот на Совет на Општина Крива Паланка. Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб страната на Општина Крива Паланка (www.krivapalanka.gov.mk). Техничката обработка на апликациите ќе ја изврши Одделението за локален економски развој и евроинтеграции на Општина Крива Паланка.
- ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 070/669-559.
Совет на општина Крива Паланка
Претседател,
Изабела Павловска