Амбасадорот на Словачка во посета на општина Крива Паланка

Амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Неговата Екселенција г.Мартин Безак во петок на 24.01.2014 ќе ја посети општина Крива Паланка. Амбасадорот Мартин Безак најпрвин ќе оствари работна средба со градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Тема на разговор ќе биде кратка информација за Крива Паланка и можностите во градот, можност за економска соработка со словачки компании, збратимување со словачки град и заедничка имплементација на проекти од ЕУ фондовите.  Амбасадорот ќе ги посети манастирот Свети Јоаким Осоговски и ЛУ Градски Музеј.

Големина на фонт
Контраст