Општина Крива Паланка оваа година по деветти пат ќе учествува во Програмата за општинско корисна работа во проектот под наслов „Цело е кога има се“.
Проектот е поддржан и финансиран од страна на УНДП, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РСМ и Буџетот на Општина Крива Паланка.
Проектот „Цело е кога има се“ предвивува вклучување на четири работни позиции и тоа една во ОЈУДГ „Детелинка“ и три работни позиции во Дневен Центар со активно стареење во рамки на ОО Црвен Крст-Крива Паланка.
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Крива Паланка, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ и Буџетот на Општина Крива Паланка , на ден 05.06.2024 година се објавува: