Започна пријавувањето за општинскиот турнир во мал фудбал 

За нови спортски забавни моменти, Општина Крива Паланка и годинава го организира Традиционалниот општински “Турнир во мал фудбал” 2023.

И годинава под покровителство на општината паланчани и сите љубители на фудбалот ќе имаат нова десетдневна спортска дружба и еуфорија за најважната споредна работа на светот.

Како организатор, општината  повторно  обезбеди и богат награден фонд и големи премии за најдобрите.

Поле за фер плеј и одигрување на натпреварите ќе биде салата “Бранители 2001” , од 24 април сѐ до 5 мај, за празнични денови со фудбалската магија и спортско уживање на паланчани.

Пријавувањето трае до 20.4.2023, лице за контакт е Антонио Јакимовски од Општина Крива Паланка, а ние ве очекуваме да бидете дел од неповторлива можност за заедничка спортска дружба.

 

Големина на фонт
Контраст