Оддржана втората стручна расправа по нацрт план за ГУП за Град Крива Паланка

Во гоемата сала при Општина Крива Паланка денес се оддржа втората стручна расправа по нацрт-план за генерален урбанистички план ( ГУП ) на град Крива Паланка за перодот од 2019 до 2029 година.

Планскиот опфат за кој се оддржа стручната расправа е по нацрт план за ГУП за град Крива Паланка и тој е со граница која се простира на повеќе катстарски општини и тоа: цела КО Крива Паланка и на делови од КО Конопница, КО Мартиница, КО Кошари, КО Варовиште, КО Дрење, КО Лозаново и КО Градец, со вкупна површина од 659.061 хектари.

На денешната сручна расправа присуствуваа претседателката на Комисијата- Маја Костадиновска, раководител на секотор за урбанизам и сообраќај, заштита на животна средина и комунална инфрастуктура од општина Крива Паланка, преставник од изведувачот на планот-Маја Лукаревска и Иван Величковски-стручно лице вработено во Општината од областа на урбанистичкото планирање.

Изработувач на планот е Агенцијата за планирање на просторот, а истиот е финасиран од Владара на РС Македонија.

Денешната стручна расправа по нацрт план за ГУП за град Крива Паланка, се реализираше успешно, а заинтересираните граѓани имаа можност да дадат свои директни согледувања, мислења, предлози и забелешки по нацрт ГУП-oт.

Големина на фонт
Контраст