Градоначалникот Митовски и д-р Горан Цветковиќ, градоначалник на Град Лесковац, потпишаа договор за развивање на соработката во областа на туризмот

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски и неговиот колега д-р Горан Цветковиќ, градоначалник на Град Лесковац, Република Србија, потпишаа договор за развивање на соработката и воспоставување долготрајни релации меѓу локалните заедници во областа на туризмот.

Крива Паланка и Лесковац имаат многу потенцијали во оваа област идеални за спортско-рекреативен туризам, гастрономски, културен, верски и манифестациски туризам.

Градоначалникот Митовски истакна дека заедно со општинските тимови и граѓанскиот сектор активно ќе се вклучи во креирање на нови иницијативи и зацврстување и проширување на досегашната соработка во нови области во интерес на граѓаните од двете општини.

Големина на фонт
Контраст