Градоначалникот Митовски во посета на дежурните служби во Крива Паланка

Во пресрет на новогодишната ноќ, градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски и претседателката на Совет, Изабела Павловска заедно со претставници од општинската администрација ги посетија дежурните служби, кои се одговорни за безбедноста и здравјето на кривопаланчани и кои се на своите работни места за време на новогодишната ноќ.

Градоначалниот Митовски при посетата на Полициската станица, Итната медицинска помош,  Територијалната противпожарна единица во Крива Паланка, како и останатите служби кои работат постојано, се информираше за подготовките кои овие служби ги имаат направено за мирно и безбедно прославување и дочек на Новата година.  Воедно им ги честиташе престојните празници на вработените во дежурните служби и им подари пригодни подароци во знак на внимание и благодарност за нивната професионалност и посветеност кон работата и континуиран придонес за безбедноста на своите сограѓани, како и за ангажираноста во секое време од годината.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст