Прием за децата на бранителите и нивните семејства

По повод новогодишните празници, градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски организираше прием за децата и семејствата на загинатите бранители од општина Крива Паланка.

Во оваа прилика градоначалникот Митовски, им врачи новогодишни подароци на децата на бранителите и пред нивните семејства изрази голема благодарност и огромна почит за саможртвата на бранителите и нивното херојско дело, кое остави траен белег втемелен во иднината на нашата татковина и дело, кое засекогаш ќе остане да живее во колективната свест на нашиот народ.

Градоначалникот Митовски им посака многу успех, здравје, љубов и среќа со желби за поубави и попријатни мигови во Новата 2022 година. Воедно им порача, дека тој како градоначалник заедно со општинската администрација, секогаш ќе бидат тука да им ја пружат неопходната помош и поддршка во нивните иницијативи, потреби и активности.

Големина на фонт
Контраст