Новогодишни пакетчиња за најмладите од Kрива Паланка

По повод претстојните новогодишни празници, градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со претседателката на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска и претставници на општинската администрацијата ги посетија  дечињата од двата објекти на градинката „Детелинка“, како  и штитениците од  Дневниот центар за лица со посебни потреби.

Заедно со  Дедо Мраз, на дечињата  им подарија новогодишни пакетчиња, а тие пак возвратија со новогодишни песни и игри и искрени насмевки и подароци, кои ги изработиле со нивните воспитувачи.

– Дарувањето подароци за најмалите и најмили жители на градот, е задоволство кое ни ги исполни срцата ова утро на сите нас од локалната самоуправа, а особено се радувам што со овој убав чин на дарување, разбудивме радост и среќа во детските срца, насмевки на нивните лица и надеж за подобро утре, давајќи им до знаење дека и тие се дел од големо семејство кое се вика oпштина Крива Паланка.

Затоа општина Крива Паланка, во свите оперативни планови и конкретни активности, посебно внимание  им посветува на најмалите, водејќи грижа за подобрување на условите за нивниот правилен  раст и развој и квалитететн воспитно образовен процес.

Посакувам секој миг од нивните животи да биде исполнет со убавини и радост, здравје и добра мисла, со просперитет и исполнети соништа и желби,  изјави градоначалникот Сашко Митовски.

Големина на фонт
Контраст