Работна посета на градоначалникот Сашко Митовски на ООУ Илинден

Градоначалникот Сашко Митовски денес го посети основното општинско училиште „Илинден” и имаше работна средба со директорката Марица Николовска.

На средбата градоначалникот Митовски се интересираше и беше запознат со активностите на училиштето, со тековните и планираните проекти, со ковид-состојбата во училштето, а направи и обиколка на училниците, рабтните простории за наставниот и административниот кадар, како и на спортската инфраструктура во рамки на училиштето.

Директорката Николовска информираше и за нереализираниот дел од спортската сала во ООУ Илинден, каде треба да се доизгради дограмата, санитарен јазол за лица со посебни потреби и соблекувана за учениците.

Во рамки на средбата градоначалникот Митовски  беше информиран и за имплементација на проектот  „Редовно на часови“, кој претставува акција за вклучување на Ромите во основното образование. Овој проект е финансиран од Европската Унија, а се спроведува со Фондацијата Отворено општество – Македонија, во партнерство со Фондацијата за образовни и културни иницијативи -Чекор по чекор и Здружението Центар за образовна поддршка- Дендо вас.

Преку овој проект опфатени се вкупно 11- ромски деца од прво и второ одделение од ООУ Илинден, кои воедно посетуваат дополнителни активности , соодветни со наставната програма за описменување, но и за континуирано следење на нивниот напредок во реализацијата на наствните содржини.

Во знак на благодарност за посетата  и понатамошна соработка и поддршка од Општината, на градоначалникот Сашко Митовски му беше подарена  слика изработена од страна на децата  влучени во овој проект во рамки на нивните креативни активности.

 

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст