Во Крива Паланка одбележан 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост

По повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, градоначалникот Сашко Митовски, заедно со раководителот ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Крива Паланкаги, ги посетија штитениците од Одделението за дневен престој на лица со попреченост.

Градоначалникот Митовски им го честиташе денешниот ден на вработените и на штитениците од  Дневниот центар и во име на Општината им го врачи овогодинешниот подарок, кој беше во согласност со нивните  барања и потребите кои ги имаат.

Раководителката и стручните лица од Дневниот центар се заблагодарија за континуираната поддршка од страна на локалната самоурава и несебичното залагање за подобрување на условите за работа во центарот.

Големина на фонт
Контраст