Градоначалникот Сашко Митовски во посета на средното општинско училиште „Ѓорче Петров”

Градоначалникот Сашко Митовски го посети средното општинско училиште „Ѓорче Петров” и оствари средба со директорката Габриела Стаменковска. На средбата градоначалникот Митовски се запозна со активностите на училиштето, со тековните и планираните проекти, а направи и обиколка на кабинетите во кои учениците ја изведуваат практичната настава.

Во средното општинско училиште „Ѓорче Петров”  за прв пат оваа година се воведе една медицинска паралелка и четири дуални стручни паралелки, што подразбира повеќе практична настава за учениците директно на работно место, а помалку изучување теорија.

Во изминатиот период се опремени кабинети за новата здравствена и угостителска струка, се реконструира спортското игралиште во кругот на училиштето, а спортската сала доби нов кров и термоенергетска фасада.

 

 

 

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст