Членовите на училишниот оркестар при ООУ „Јоаким Крчовски“ на средба со градоначалникот Митовски

Денес градоначалникот Сашко Митовски оствари средба со членовите на училишниот оркестар при ООУ „Јоаким Крчовски“, кој работи под менторство на професорката по музичко образование Лариса Жулина-Митовски. На средбата градоначалникот Митовски истакна дека поддршката на младите таленти и во иднина ќе биде еден од приоритетите на општината.

Младите музичари од училишниот оркестар триумфираа на многу натпревари на музички училишта на регионално, државно и меѓународно ниво, настапија на бројни фестивали и ни донесоа голем број на признанија, дипломи, награди и пехари.

Училишниот оркестар ќе земе учество и во новогодишната програмата која ја организира Општината и со пригоден настап ќе го збогати празничното случување во градот.

 

Големина на фонт
Контраст