Градоначалникот Митовски оствари средба со Мери Акиевска, светска јуниорска и апсолутна сениорска велнес шампионка

Градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски оствари средба со нашата Кривопаланчанка, светската јуниорска и апсолутна сениорска велнес шампионка, Мери Акиевска и нејзиниот тренер Бобан Ѓороски. На Светското првенство одржано во Санта Сузана (Шпанија) на кое учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи Мери Акиевска беше убедливо најдобра, победувајќи во својата категорија до 163 см висина во јуниорска и сениорска конкуренција. Мери Акиевска е родена во Крива Паланка и е студент на Факулетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Во знак на постигнатиот успех градоначалникот Митовски и додели плакета, и и посака успех во понатамошниот период.

-Пресреќен сум што имаме вакви спортисти, кои постигнуваат огромни успеси на меѓународни натпревари и ни се враќаат со највисоки награди. Како општина која вложува во развојот на спортот, ќе продолжиме да ја унапредуваме поддршката и да созадаваме подобри услови за развој на индивидуалните спортови и на спортските клубови, изјави градоначалникот Митовски.

 

Големина на фонт
Контраст