Во Крива Паланка изработен мурал во чест на одбележување 30 години од независноста на државата

Во Крива Паланка денес беше претставен впечатлив мурал,  кој претставува симболика на македонската борба за слобода во периодот од 1903 – 1944 година, изработен врз потпорниот ѕид лоциран во непосредна близина на споменикот на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош во централното градско подрачје.

Проектот за изработка на мурали е финасиран од Владата преку јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани по повод 30 години од државноста, а реализиран во соработка со општините, со цел достојно одбележување на независноста на државата во услови на пандемија од Ковид 19.

Со симболика на македонската борба, муралот во Крива Паланка стана дел од уличната уметност со која се разубавува јавниот простор во градот.

 

Големина на фонт
Контраст